Британските психолози од Универзитетот во Ексетер велат дека децата силно веруваат во постоењето на Дедо Мраз само до 5-годишна возраст. Тие интервјуирале 1200 деца (волонтери) од различни земји и ги објавија прелиминарните резултати од нивното истражување.

Истражувањето “Exeter Santa Survey” покажа дека силното верување во постоењето на Дедо Мраз кај децата трае до петтата година, а потоа брзо ослабува. Конечно, децата престануваат да веруваат во магичниот дедо на возраст од осум до девет години. Децата тогаш се свесни дека Дедо Мраз не постои, а подароците ги носат родителите.

Според студијата, повеќе од 65% од испитаниците продолжиле да се “преправаат” дека веруваат во чудесниот старец, дури и сфаќајќи дека тој не постои.