Оваа година, Samsung претстави два модели на новото издание на Note серијата – Samsung Galaxy Note 10 и Samsung Galaxy Note 10 Plus. Во повеќето од категориите, Note 10+ е подобра варијанта, иако во некои категории, двата модели имаат исти карактеристики.
Уште на старт се гледа една од главните разлики, а тоа е екранот. Помалиот Note 10 има 6.3 инчен Dynamic AMOLED Infinity-O екран со резолуција од 2280×1080. Note 10 Plus има 6.8 инчен Dynamic AMOLED Infinity-O екран со резолуција од 3040×1040 пиксели. Двата модели го користат новиот процесор Exynos 9825 (произведен од Samsung), додека за пазарот во САД ќе го користат Snapdraggon 855.
Помалиот Note 10 ќе има 8GB работна меморија, додека Note 10 Plus ќе има 12GB меморија. Note 10 ќе има внатрешна меморија од 256GB и без лежиште за мемориска картичка, додека Note 10 Plus ќе има варијанти со 256GB и 512GB внатрешна меморија, но и лежиште за мемориска картичка.
Двата модели ќе имаат скоро иста конфигурација на камерите. На предната страна имаат сензор од 10 мегапиксели, додека на задната страна имаат ултра широк сензор од 16 мегапиксели, широк сензор од 12 мегапиксели и телефото сензор од 12 мегапиксели. Note 10 Plus има и Depth vision camera која треба да помогне за подобра длабочина во фотографиите.
3500mAh е капацитетот на помалиот модел, додека поголемиот има батерија со капацитет од 4300mAh. Батериите имаат можност и за безжично полнење. Телефоните би требало да бидат достапни од 23-ти август 2019-та година.
Цената во САД за Note 10 ќе биде 949 долари, додека за ote 10 Plus ќе биде од 1099 долари (за варијантата со 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија). Можеби една од најважните промени кај новиот модел е отсуството на стандардниот конектор за слушалки.