Вчера според најавата, Cinema News го објави првиот трејлер за новиот „Терминатор“. Под наслов „Terminator: Dark Fate“, филмот е под режисерската палка на Тим Милер, човекот кој го режираше „Deadpool“.

Во новото продолжение се враќаат Arnold Schwarzenegger, Mackenzie Davis, Linda Hamilton и Diego Boneta.

Премиерата на филмот е закажана за 31 октомври, а засега се уште нема детали околу комплетната приказна.