Едно од најпознатите музички имиња од деведесетите години на минатиот век, Шер, се враќа со уникатно изненадување за своите фанови. Поп-иконата ќе соработува со Scent Beauty за да го креира својот личен парфем. 

Пејачката сака да донесе посебен мирис на пазарот, кој ќе биде unisex.

„Измина долг пат, откако за првпат создадов парфем и затоа верувам дека овој ќе биде unisex. Јас го направив тоа за луѓе кои сакаат парфеми или само сакаат да мирисаат добро”, изјави Шер.

Пејачката и нејзините партнери работеа на парфемот четири години. Претходно оваа година познат бренд најави дека ќе прави шалови, креирани од Шер. Инаку, на 20 мај оваа година, Шер наполни 73 години.