Во личниот воен дневник на нацистички офицер Егон Оленхауер се запишани местата каде што војската на Нацистичка Германија го криела своето богатство. Испитувањето покажало дека евиденцијата на Оленхауер е автентична.

Фондацијата „Schlesische Brucke“ објави фотографии од личниот дневник на офицерот на Третиот Рајх кои долго време биле чувани во Масонската Ложа во германскиот град Кведлинбург, но подоцна биле префрлени во историскиот архив.

Според воениот дневник на офицерот, за време на повлекувањето од Полска, Хитлер наредил да се сокријат 260 камиони со 28 тони злато, медали и накит на 11 места во земјата. Евиденцијата исто така вели дека богатствата биле украдени од војската на Нацистичка Германија од целата окупирана територија.

Офицерот Егон Оленхауер посредувал меѓу нацистите и локалните аристократи кои сакале да го сокријат своето злато и уметнички дела од армијата на СССР. Фондацијата ги испита местата споменати во евиденцијата на офицерот, со цел да се утврди веродостојноста на списите и дали нешто од скриеното до денеска е преживеано.