Срцето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин престана да чука на 29 јануари 1837 година. Оние кои ги сакаат неговите дела, веројатно знаат дека Пушкин животот го загуби по еден двобој со неговиот ривал Жорж Дантес, кој бил организиран два дена претходно.

Прашањето кое се поставува денеска е: Дали Пушкин, сепак, можел да се спаси?

Куршумот кој му го сместил во телото неговиот ривал Данте, ја скршил бутната коска на поетот и се протнал во стомакот. Повредите довеле до обилно крварење, по што само два дена подоцна Пушкин им подлегна на повредите. Со оглед на тоа што нема некој уникатен одговор на прашањето дали би можел да се спаси, од денешен агол, фановите на неговото дело сметаат дека биле направени неколку клучни грешки од моментот на пукањето, до транспортот на Пушкин во неговиот дом, кои довеле до брза смрт на рускиот поет.

Првата и можеби најголема грешка која била направена во обидот да се спаси животот на Пушкин е начинот на кој бил транспортиран до неговиот дом. Некои записи велат дека откако добил куршум во телото, Пушкин паднал на снегот, а неговиот пријател во обид да го однесе дома, го ставил на дрвена санка и го влечел по снегот по нерамниот пат речиси час и половина. За тоа време Пушкин изгубил 40% од крвта, што веројатно било клучно во моментите кога можел да му биде спасен животот. За време на транспортот, неговиот пријател и останатите присутни на двобојот не се ни обиделе да најдат начин да го запрат крварењето. Ако раната била обработена, веројатно до смрт немало да дојде.

Втората и исто толку важна грешка е тоа што наместо кај некој лекар, Пушкин бил донесе дома. Некои се сомневаат во одлуката да го однесат дома, затоа што ситуацијата со повредениот била екстремно сериозна. Доколку добиел соодветна нега и во тогашни услови, фановите на Пушкин сметаат дека тој можеби и ќе го преживеел двобојот со Дантес.

извор: rambler.ru