Д-р Кетрин Хол од Универзитетот во Отаго, неодамна во научниот весник „The Ancient History Bulletin“ излезе со интересна теорија околу причината за смртта на еден од најголемите восководци и освојувачи во историјата на човештвото, Александар Македонски. Иако историски се познати десетина варијанти и тврдења за вистинската причина за смртта на Кралот на Македонија, Кетрин Хол вели дека секоја од нив е погрешна.

Александар Македонски почина во Вавилон на 10 јуни, 323 п.н.е. Доживеа само 33 години. Според пишувањата на Плутарх, телото на Александар Македонски цели 6 дена до погребот останало нераспаднато. Причината не е никакво чудо, туку единствено вистинската причина поради која починал.  Авторитетниот грчки писател и филозоф, забележал дека телото на освојувачот за чудо не се распаднало скоро цела недела до погребот.

Според Кетрин Хол, чудо немало. Според нејзината дијагноза, Александар Македонски починал од ретка невролошка болест, поради што бил парализиран. Неподвижното тело се сметало за мртво, иако тој практично се уште бил жив. Се чини дека војсководецот бил сѐ уште жив, дури и кога бил погребан во саркофагот.

Нема точни историски податоци за тоа од што всушност починал Александар Велики. Според некои истражувачи, Кралот на Македонија бил убиен – најверојатно отруен. Можеби и случајно. Други велат дека многу пиел вино, а еднаш испил толку многу што паднал во несвест од акутен алкохолен панкреатит. Некои тврдат дека смртта е последица на маларична треска, која ја фатил во Африка, други се поклоници на теоријата дека починал од пневмонија или грип.  Д-р Хол вели дека веројатната дијагноза од оваа перспектива гледано е синдромот „Жињом-Баре“.

Оваа болест обично е придружена со оштетување на нервите и голема парализа. Во повеќето случаи причина е бактериска инфекција предизвикана од микроорганизмите Campylobacter pylori. Тие често предизвикуваат воспаление на тенкото црево, а Александар се жалел на големи стомачни болки.

Александар, парализиран, на крајот се онесвестил, не можел да мрда, не чувствувал ништо, вдишувал, но толку тивко што навистина изгледал мртов.