Далас Каубојс е во сопственост на бизнисменот Џери Џонс, и тој веќе втора година едно подруго е на лидеското место. Интересно е што голем скок до 2. место на листата на „Форбс“ најправи бејзбол тимот Њујорк Јенкис, кој претходно беше на 5. позиција, чија вредност годинава скокна за 15% до 4,6 милионарди долари.
Трето место е за Реал Мадрид како најскапиот фудбалски тим во светот. Шпанскиот тим можеби имаше проблеми на теренот минатата сезона, завршувајќи трет во Ла Лига, но ова имаше мало влијание врз неговата финансиска сила, затоа што клубот ја засили својата вредност за 4% до 4,2 милијарди долари.  Веднаш до нив с енивните најголеми конкуренти, Барселона. Каталонскиот клуб е вреден 4,02 милијарди долари.
Њујорк Никс од Националната кошаркарска лига (НБА) ја пополнува ТОП 5 листата на најскапи светски спортски тимови.  Шестото место е за Манчестер Јунајтед со вредност од 3,81 милијарда долари.