Според Министерството за рурален развој и храна на Грција на островот Санторини магарињата кои превезуваат туристи не смеат да пренесуваат лица потешки од 100 килограми. Според упатството од министерството, на магарињата треба да им се даде соодветна исхрана и питка вода, не треба да носат преголема тежина, не смеат да работат голем број на часови, а треба да имаат и соодветни седла.

Магарињата од Санторини

Според статистиката, Санторини е популарен остров на кој во периодот од мај до октомври дневно доаѓаат и до 5 големи патнички бродови со околу 1200 туристи. Според Christina Kaloudi која е основач на Santorini Animal Welfare Association, сериозно е зголемен бројот на туристи со преголема телесна тежина кои најчесто доаѓаат од САД, Велика Британија и Русија.

Магарињата од Санторини

Магарињата од Санторини