Освен што Google неуморно креира решенија и проекти, се чини дека многу лесно и ги „поклопува со земја“. Иако некои од овие проекти немаа многу корисници, некои од нив се покажаа како добри солуции а имаа и голем број на корисници. Во последно време се појавија два сајта во кои се претставени проектите кои Google ги прекинал.

Google+

Во последните месеци компанијата или ги укина или го најави укинувањето во следните месеци за проекти како Google+, социјална мрежа која Google од петни жили се обиде да ја популаризира, но ни од далеку ја немаше популарноста на Facebook.

Google Talk

Google Talk беше сервис за брза размена на пораки кој опстојуваше 12 години. Сервисот посебно во првите години беше одличен производ се додека Google не почна да го „надградува“ со додатоци. Picasa беше еден од најпопуларните сајтови за споделување на фотографии.

Picasa

Google Latitude беше необичен сервис за споделување на вашата локација со пријателите, а функционираше од 2009-та до 2013-та година.

Google Latitude

Google Reader беше проект кој работеше 8 години а беше RSS/Atom агрегатор на информации. Ride Finder беше сервис за наоѓање на превоз, но се чини дека Google подрани неколку години за оваа идеа а функционираше од 2007 до 2009 година. Google Buzz беше првиот сериозен обид на Google за социјална мрежа. Овој обид траеше помалку од две години, односно во периодот на 2010-2011 година. Сајтовите на кои можете да ги погледнете соодветните проекти, причините за престанокот, како и уште многу други „погребани“ проекти на Google се The Google Cemetary и Killed by Google.