Duckhee Lee влегува во историјата како прв глув тенисер кој успеал да победи на меч од АТП турнејата. Тој победи на првиот меч на турнирот во Winston Salem, против свајцарецот Henri Laaksonen со резултат 7:6 и 6:1. Мечот имаше и прекин од 5 часови заради олуја.

После победата, Lee изјави: „Некои луѓе ме зафркаваа заради мојот хендикеп. Ми зборуваа дека не треба да играм. Тоа навистина беше тешко, но моите пријатели и семејството ми помагаа. Сакав да им покажам на сите што можам да направам. Мојата порака до сите хендикепирани е да се обесхрабруваат. Доколку посојат средства, може да направите тоа што го посакувате.“

Duckhee Lee е тенисер од Јужна Кореа, кој се наоѓа на 211-то место на ранг листата, а досега настапуваше на Чаленџер турнирите.

Заради хендикепот, Lee не може да ги слуша ниту линиските судии, ниту главниот судија. Lee не го ни слуша топчето додека се игра поенот.