Дека некои производи кои ги користиме често можат да бидат препишувани и како лек од лекарите, го потврдува случајот со популарното пиво „Гинис“. Имено, од поодамна се знае дека „Гинис“ е промовирано како напиток кој поради неговите здравствени придобивки котира високо на листата на корисни производи (секако во нормални количини).ж

Од лековитите својства, „Гинис“ содржи антиоксидантни соединенија кои можат да спречат срцев удар. Исто така, содржи железо, дури 3% од потребната дневна доза за возрасен човек. Ова е една од причините што во Британија, ова пиво лекарите (под рака) им го препорачуваат и на бремените жени, како и на пациенти кои се опоравуваат по операција. Поради содржината на железо, бесплатни лименки „Гинис“ се даваат и за ирските крводарители веднаш откако ќе донираат крв. Ако тоа не е доволно, „Гинис“, исто така, содржи фитоестроген, кој ги подобрува менталните способности, а ја спречува и дебелината и исто така го забавува процесот на кршливост на коските.