Туристи од целиот свет го посетуваат американскиот национален парк Јелоустоун, за да ги видат со свои очи неговите прославени гејзери. Сепак, деновиве нештососема друго го привлече вниманието и на туристите, но особено на научната јавност.

„Ear Spring“ кој „спие“ речиси 60 години, ги изненади посетителите со неодамнешната ерупција која предизвика формирање на фонтана од ѓубре, извлечено од длабочините на земјата. Овој вид природни феномени се вообичаено со ерупции со пареа и топла вода, но оваа 10-метарска каскада исфрлен ѓубре кое го оставале туристите во текот на речиси 90 години.

“Откако Ear Spring еруптира на 15 септември, вработените открија чуден асортиман на предмети, расфрлани низ пејзажот околу неговиот отвор!”, се вели во официјалната порака на Националниот парк Јелоустоун.

„Некои од предметите датираат од 30-тите години на минатиот век. Некои од нив се веќе историски“, дополнуваат од таму.

Иако фрлањето на смет во гејзери е забрането, оваа локална атракција се покажа како депонија на ѓубре кое турситите, сепак, го фрлале во околината. Најмногу се догорчиња од цигари, пластични предмети и прибор, сламки, пакувања од филмови и други случајни нешта.