Многу скоро, германските пиварници ќе додадат информации за точната количина на калории што ги содржат нивните производи. Популарните германски пива во идина на етикетата ќе ги имаат и комплетните нутритивни информации, за да нема забуни околу бројот на калориите во различни видови на пиво.

Иако Европската комисија се закани дека ќе побара ваква етикета, германските пиварници и без тоа се сложија дека такви информации треба да им бидат достапни на конзументите. Новите етикети постепено ќе бидат објавени во текот на оваа година.

Досега, не постои европско законодавство кое бара нутритивни декларации на алкохолните пијалаци кои ќе ја покажуваат енергетската вредност на пијалокот. Сепак, според истражувањата, 52 отсто од германските потрошувачи со нетрпение чекаат да ги видат овие информации.

„Шише пилснер (светло) има просек од 200 калории. Многу корисници сепак мислат дека има 300, 400 или дури 500 калории, но тоа не е така и ние нема што да криеме”, велат производителите на пиво.