Во 2004 година, филмската верзија на стрип-јунакот „Гарфилд“ се покажа како вистински потег, кој две години подоцна доби и продолжение. Сега повторно ќе ја видиме мачката која сака да јаде лазањи на големиот екран, но овој пат во анимирана верзија.

Марк Диндал, твореот на хитовите како „The Emperor’s New Groove“ и „Chicken Little“ ќе биде режисер на новиот филм, продуциран од Alcon Entertainment. Компанијата веќе ги поседува правата за стрип-херојот на неговиот творец Џим Дејвис, кој ќе биде извршен продуцент. Засега нема информации и детали за сценариото, освен тоа дека тоа ќе биде дело на Пол Каплан и Марк Торвеј.

Да се надеваме дека новата анимација нема да ги разочара фановите на Гарфилд.

извор: cinefish.bg