Стивен Најт откри дека втората сезона на тв-серијата „Taboo“ може да се појави многу скоро, бидејќи сценариото е веќе подготвено. Шоуто претрпе неколку одложувања, но откако веќе беа ставени сите проблеми во фиока, серијата наскоро влегува во продукција, а наверојатно кон крајот на оваа година ќе се појави и на екраните.

„Ако сите се придржуваме кон проектот, плановите се за реализација на 3 сезони, бидејќи имам едно чисто географско патување кое сакам да го реализирам”, вели сценаристот.

Продуцент повторно ќе биде главниот лик Том Харди, а новата сезона ќе ни ги покаже авантурите на Џејмс Дилејни, кој се враќа во Лондон од Африка по смртта на неговиот татко и неговите обиди да се одмазди за него.