На скоро секој тенисер или тенисерка највредна титула во кариерата би им била онаа од Wimbledon. На некои успева да им се оствари тој сон, а на малкумина тоа им се случува повеќе пати во кариерата. Wimbledon е најстариот тениски турнир, се одржува во All England Lawn Tennis and Croquet Club во Wimbledon, предградие на Лондон. Првиот турнир се одржал во 1877-ма година, а се игра на отворено на трева. Првото издание започнало на 9-ти јули 1877-ма година. Турнирот се одржувал само во машка конкуренција а учествувале 22-ца натпреварувачи. Победник е Spencer Gore.

Wimbledon

Wimbledon

Терените биле поставени на начин во кој главниот терен бил во средината и бил опколен со други терени, па од таму доаѓа и називот “Center court” кој и ден денес се користи како назив за главниот терен на тениските турнири. Во 1882-та година биле одржани натпревари и во женска конкуренција и во машки парови. Првото издание на турнирот во женски парови и мешани парови било одржано во 1913-та година. Се до 1922-та година, шампионот од претходната година играл само еден меч, т.е. финале, а противник бил тенисерот кој ќе победел во претходните рунди и ќе добиел можност да се спротивстави.

Wimbledon

Wimbledon

Се до 1968-ма година, само аматери можеле да настапуваат на Wimbledon и на другите Грен Слем турнири, а од 68-ма се прогласува отворена ера (“Open era”) па на турнирите може да настапуваат и професионални тенисери. Главни карактеристики на турнирот се јагодите со шлаг, строгиот код на облека, како и ненаметливоста на спонзорите. Исклучок на последното се рекламите на компанијата Rolex кои можат да се видат низ терените. Во 2017-та година биле конзумирани 34 тони јагоди и 10.000 литри шлаг.

Wimbledon

Wimbledon

Турнирот има натпреварувања во 5 главни категории: Машка конкуренција, женска конкуренција, машки парови, женски парови и мешани парови. Натпреварувања се одржуваат во 4 категории на јуниорско ниво (не се одржуваат натпреварувања во мешани јуниорски парови). Во сениорска конкуренција учествуваат по 128 тенисери и 128 тенисерки во првиот круг. До титулата се стигнува после 7 победи, тенисерите играат на 3 добиени сетови, додека тенисерките играат на 2 добиени сетови. За прв пат на Wimbledon во одлучувачкиот сет може да има тај брејк, односно на резултат 12:12 ќе треба да се игра стандарден тај брејк за да се одлучи победникот.

Wimbledon

Wimbledon

Најмногу титули во машка поединечна конкуренција има Roger Federer – 8 титули (2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009, 2012, 2017), а во женска конкуренција Martina Navratilova – 9 титули (1978, 1979, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1990). Од 1968-на година само Bjorn Borg (1976) и Roger Federer (2017) успеале да го освојат турнирот без да загубат сет. Најмлад победник во машка конкуренција е Boris Becker кој победи во 1985-та година со само 17 години и 227 денови. Во женска конкуренција најмлада победничка е Lottie Dod која во 1887-ма ја освоила титулата со старост од само 15 години и 285 денови. Во 2010-та година, на терените на Wimbledon се одржа и најдолгиот тениски меч на сите времиња. Мечот траеше 11 часови и 5 минути, во кој John Isner го победи Nicolas Mahut со резултат 6–4, 3–6, 6–7 (7–9), 7–6 (7–3), 70–68.

Wimbledon