Група научници од Јужноафриканската република тврди дека успеале да произведат тули, користејќи човечка урина, преку природен процес, вклучувајќи колонии од бактерии. Нивниот метод може да помогне во намалување на емисиите на стакленички гасови со наоѓање на продуктивна употреба на овој популарен отпад.

Првите “сиви” цигли биле произведени во лабораторија за осум дена со употреба на урина, калциум, песок и бактерии. И не, тулите не мирисаат!

Всушност главната состојка тука е уреата, хемикалија која се јавува природно во урината и исто така се синтетизира во целиот свет за правење на ѓубрива. Процесот на “одгледување” на тулите од уреа е тестиран во САД преку синтетички раствори, но новата тула користи вистинска човечки урина за првпат.

Био-тулите се направени од процес наречен “микробиолошки индуцирано карбонатско таложење”. Ова е слично на процесот во кој коралните гребени се создаваат во природниот свет. Слободниот песок е колонизиран со бактерии кои произведуваат ензим уреаза. Ензимот ја разложува уреата во урината. Во исто време, тој произведува калциум карбонат преку сложена хемиска реакција.

Тулите се формираат на собна температура. Ова значи дека се елиминираат емисиите на јаглерод диоксид, традиционално емитирани во производството на цигли од печка.

извор: greentech.bg