Јапонскиот збор johatsu во превод значи „испарен“. Во Јапонија, секога година над 100.000 луѓе едноставно „исчезнуваат“. Мачени од срамот поради тоа што ја загубиле работата, поради пропаднатиот брак или долговите, илјадници јапонски граѓани почнале да ги менуват своите идентитети за да побараат засолниште во анонимност , оставајќи се минато зад себе.

Французите Лена Магер и Стефан Ремаел објавија книга со серија анегдоти за луѓе од Јапонија кои избегале од модерното општество во потрага по нов живот. Маугер и Ремаел минале пет години патувајќи низ Јапонија, почнувајќи од 2008 година, стекнувајќи ја довербата на локалното население да го запознаат тажниот тренд. Тие ги запознале и најблиските на оние што исчезнале : татковци, сопруги и напуштени љубовници. Нема официјални владини бројки за овој тренд, но според истражувањето, над 100.000 луѓе исчезнуваат секоја година.

Ниту еден од овие луѓе физички не исчезнува, односно „испарувањето“ е повеќе административно. Јohatsu се одлучуваат да ги променат своите имиња, адреси и професионални врски. Тие можат практично да направат нов административен профил.

Во Јапонија ова бегство може да биде изненадувачки лесно, бидејќи јапонските закони за приватност им даваат на граѓаните голема слобода да ги чуваат своите движења во тајност . Само во кривични случаи полицијата копа по личните податоци на луѓето, а роднините не можат да ги консултираат.