По многу перипетии, стигна најава за втората сезона на Марвеловиот „Punisher“. Иако не конкретно, според најавата на Netflix, сепак, јануари ќе биде месецот во кој ќе имаме можност да го дочекаме продолжението на една од сериите кои имаше одлична гледаност во својата дебитантска сезона на стриминг сервисот.

Според најавите, втората сезона на „Punisher“ ќе биде и последна, со оглед на тоа што Netflix најави дека нема намера да ја продолжува. Има некои информации дека истата може да добие трето продолжение на друг канал, но засега тоа се само непотврдени гласини.