Првиот хотел во кој можат да престојуваат само жени е отворен во Шпанија, поточно во во Мајорка. Хотелот „Сом Дона“ е во близина на Порто Кристо, и ги нуди своите услуги исклучиво за жени над 14-годишна возраст.

Со 39 соби, базен, спа, библиотека и тераса на покривот, установата со четири ѕвезди има за цел да понуди „нов простор за жени кои сакаат да се откажат од стресот во секојдневниот живот“.

Велнес-услугите како масажи, третмани, топли кади и солариум се главниот фокус на хотелот, заедно со локалната храна, флексибилната гастрономија и здрава и одржлива кујна.

Според веб-страницата, гостите исто така можат да добијат екскурзии околу островот и други културни активности.

Сепак, во хотелот не се само жени, затоа што дел од персоналот се и мажи, иако политиката на хотелот вели дек апредност во вработувањата имаат жените.