Данското студио 3XN го комплетира Олимпискиот дом, кое ќе биде новото седиште на Интернационалниот Олимписки комитет во Лозана, Швајцарија.

3XN соработуваше со швајцарското архитектонско биро „IttenBrechbühl“ за да ја создаде зградата, која е дизајнирана околу принципите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

„Ја дизајниравме зградата околу пет клучни цели кои ги одразуваат основните вредности на олимпиското движење: движењето, транспарентноста, флексибилноста, одржливоста и соработката”, изјави Ким Херфорт Нилсен, коосновач на 3XN.

Изградена во јавен парк на брегот на Женевското Езеро, Олимпискиот дом е изграден до замокот од Шато де Види од 18 век. Креирани се канцеларии за 500 вработени во ИОК, а многу од елементите на зградата се однесуваат на Олимпијадата.