Малкумина знаат, но секоја сакана хероина од приказните имала некој вид на свој вистински прототип. Ликот на Снежана од приказната на Браќата Грим – „Снежана и седумте џуџиња“ се крие во името на девојчето Марија Софија фон Ертал.

Станува збор за девојка која живеела во Баварија во 18 век. Родена е во благородничко и богато семејство, но нејзиниот живот многу се променил по смртта на нејзината мајка. Кога нејзиниот татко започнал да живее со една многу лоша жена, која им давала поддршка само на сопствените деца, животот за малата Марија станал вистински хорор.

Сешак, во животот на Марија малку работи завршиле како во популарната бајка. На Марија не и било дозволено да се омажи, по што таа заминала од дома за да живее со една друга сиромашна жена. За жал, таа подоцна станува целосно слепа и починала во 1791 година.

Градот во кој живеела Марија Софија бил еден од главните центри за производство на огледала. Браќата Грим ја искористија нејзината, за својата приказна. Денеска, оние кои ќе го посетат Музејот во Баварија имаат можност да ја видат и надгробната плоча на „Снежана“ која беше откриена пред извесно време и поставена во германскиот музеј.