За првпат po повеќе од 17 години, Вашингтон сериозно размислува за повлекување на повеќето од своите 10.000 војници во Авганистан. Она што беше најдолгата војна во историјата на САД ги чинеше животи десетици илјади цивили и над 100 илјади војници. Американците досега пријавиле над 2400 загинати американски војници, а има и над 1000 жртви од останатите воени контигенти.

Весникот The Economist пресмета дека оваа долгогодишна воена интервенција во Авганистан всушност чинеше и рекордна сума на пари. Се претпоставува дека во овие 17 години воени дејствија на овој дел од светот се трошени над 40 милијарди евра на годишно ниво. 

Кон крајот на април треба да продолжат мировните преговори за Авганистан во Доха, што ќе биде шестата рунда од мировните разговори меѓу талибанците и САД. Последниот круг се одржа во Катар, траеше 16 дена и заврши во март. Преговарачите од двете страни признаа дека е постигнат напредок, но не беше направен договор за датумот на повлекување на војниците.