Иако сме навикнале на лажни вести, сепак една која доаѓа од Италија изгледа навистина ветувачка. Во очи на 500-годишнината од смртта на еден од најголемите уметници и умови во историјата на човештвото, Леонардо да Винчи, од Италија стигна информација дека е пронајдено влакно од неговата коса кое може да се искористи за добивање на ДНК податоци за големиот ум.

Делот од косата на Да Винчи требаше да биде прикажан на посебна конференција во неговиот роден град Тоскана.

„Откривме едно влакно, веројатно од косата на Леонардо. Со уште еден остаток од него, оваа извонредна реликвија ќе ни овозможи да продолжиме да ја бараме неговата ДНК“, вели директорот на Музејот на Леонардо, Алесандро Везоси.

Остатокот е откриен во 2013 година во Кастело Сфорцеско во Милано, каде скриени со векови под седум слоеви гипс, беа мал број на цртежи кои му се припишуваат на Леонардо, а се направени со јаглен. За време на реставрацијата на овој простор биле пронајдени цртежите на Да Винчи, а благодарение на најновата технологија пронајдено е и влакно на еден од цртежите за кое се претпоставува дека е од авторот на делата.