Поголема група научници од повеќе краеви на светот почнаа процес на вештачко оплодување на јајцеклетки од последните женки од северниот бел носорог.

Зборуваме за јајцеклетки добиени од две женки од северниот бел носорог, кои се последните претставници на овој вид на Земјата. Сега научници, чија работа е координирана од Берлинскиот институт за проучување на зоологијата и животинскиот свет во Лајбниц, планираат да создадат одржливи ембриони.

Потоа ембрионите ќе ги носат преставнички на јужниот бел носорог. Машкиот биоматеријал за оплодување се чува замрзнат. Тој бил земен од четворица мажјаци од северниот бел носорог, од кои последниот бил еутанизиран во март 2018 година поради сериозна болест.

Како што потенцираат експертите, овој настан дава надеж за заживување на загрозениот вид. Сега единствените северни бели носорози се женките Најин и Фату, кои живеат во резерват во Кенија.