Вечерва (21 ч.) во Баку, Азербејџан ќе го добиеме новиот освојувач на Лигата на Европа. Англиските ривали Челзи и Арсенал влегуваат во жестока битка за првиот од двата европски трофеи. И за двата тима ова ќе биде посебна инспирација на затворањето на сезоната, а еве што велат бројките и интересните факти пред вечерашнава пресметка.

🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿ЧЕЛЗИ

⚽ Ова е 18-тиот европски натпревар на Челзи кој го игра против англиски противник.

Досега на 17 натпревари, Челзи е без пораз во Лигата на Европа, а единствените средби на кои одигра нерешено беа оние со Видеотон и Ајнтрахт Франкфурт.

⚽ Последниот пораз за лондонските „сини“ беше мечот со Рубин Казан во сезоната 2012/13.

⚽ „Сините“ одат на уривање на рекордот од 14 меча во Европа без пораз кој го поставија во периодот од 2008 до 2010 година. Ако не загубат од Арсенал ќе имаат низа од 15 последователни европски настапи без пораз.

⚽ Оливие Жиру е првиот играч кој постигна 10 гола во една европска сезона за Челзи.

⚽ Маурицио Сари е првиот Италијанец кој управува со тим во финалето на УЕФА Купот / Лигата на Европа, откако Алберто Малезани во 1999 година со Парма го освои тогашниот УЕФА Куп.

⚽ Двајцата претходни Италијанци кои биле со Челзи во големо европско финале го доведоа тимот до победа – Џанлука Виали во финалето на Купот на победниците во 1998 година и Роберто Ди Матео во финалето на Лигата на шампионите.

⚽ Последното финале во европските купови за Челзи е она од Лигата на Европа во 2013 година кога го освои трофејот по победата над Бенфика.

⚽ Ако заигра вечерва, Жоргињо ќе го има јубилејниот 50-ти настап за „сините“.

🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿АРСЕНАЛ

⚽ Арсенал изгуби четири од петте европски финалиња под капата на УЕФА кои ги одигра досега. Единствената победа ја има над Парма во КПК во 1994 година.

⚽ Во единственото финале во ЛШ во 2006 година, Арсенал загуби од Барселона.

⚽ Вечерва „топчиите“ ќе се обидат да стигнат до шеста последователна победа во Лигата на Европа.

⚽ Арсенал оваа сезона имаше 12 различни голгетери во Лигата на Европа.

⚽ Пјер-Емерк Абамејанг постигна осум гола во Лигата на Европа оваа сезона. Единствениот играч на Арсенал со повеќе голови во една сезона од европските купови е Јан Рајт, кој постигна девет во Купот на победниците во куповите 1994/95.

⚽ „Топчиите“ постигнаа пет голови со глава во Лигата на Европа оваа сезона. Ниту еден клуб не постигнал повеќе.

⚽ Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, ја освои Лигата на Европа повеќе од кој било друг менаџер. Шпанецот го крена трофејот трипати со Севиља во 2014, 2015 и 2016 година.

⚽ Емери би можел да стане само четвртиот менаџер кој го освоил ова натпреварување со два различни тима, откако претходно тоа им успеа на Рафаел Бенитез (Валенсија и Челзи), Жозе Мурињо (Порто и Манчестер Јунајтед) и Џовани Трапатони (Јувентус и Интер).

⚽ Последните осум голови во Лигата на Европа, за Арсенал ги постигнаа Пјер-Емерик Абамејанг (четири) или Александер Лаказет (четири).