Најмалата земја во светот, Ватикан, од вчера има свој атлетски тим. Како што објавија новинските агенции, земјата која има само 44 хектари и едвај 100 жители, од вчера основаше свој атлетски тим кој во прво време ќе има околу 60 членови.

Во атлетскиот тим на Ватикан ќе се најдат членови на швајцарската гарда, свештени лица, фармацевти, но и еден 62-годишен професор кој е професионално вработен во Ватиканската библиотека.

Новиот спортски клуб на овој дел од светот веќе имаше разговори со преставниците на Италијанскиот олимписки комитет, па Ватиканскиот атлетски тим ги има и првите акредитирани членови, кои наскоро треба да земат учество на натпреварите под капата на Италијанската атлетска федерација.