Повеќекратниот победник на Охридскиот пливачки маратон, Петар Стојчев, победи на можеби досега најтешката организирана пливачка трка, маратонот во водите на Антарктикот. Првиот антарктички пливачки маратон во должина од 1000 метри се одржа денеска во раните утрински часови во близина на островот Тринити, во заливот Микелон Харбор.

Бугарскиот маратонец ја заврши несекојдневната трка со една минута предност пред останатите пливачи. Инаку на ова веројатно најтешка пливачка трка се појавија15 пливачи од 9 земји.

Според информациите, пливачите стартуваа од брод во вода со температура од 0,8 степени целзиусови и температура на воздухот од -2 степени.