Француската мечувалска федерација објави дека борбите со светлосни сабји како оние од филмовите Star Wars ги прогласува за официјален спорт во Франција. За разлика од филмската верзија на овие светлечки сабји, реалните сабји не можат да го пресечат противникот. Физичкиот дел од ваквите борби со овие светлечки сабји е причината што федерацијата се одлучила да ја официјализира оваа активност како спорт, па веќе започна процес во кој ги снабдува мечувалските клубови со вакви сабји.

Светлечка сабја

Според генералниот секретар на федерацијата, Serge Aubailly изјави: „Младите луѓе денес се во реален здравствен проблем. Тие не спортуваат, освен со нивните палци. Со овој чекор се обидуваме да креираме поврзување помеѓу нашиот спорт и модерната технологија, а за младите тоа би била природна транзиција.“ Бидејќи овој спорт почнува од нула, луѓето од федерацијата веќе направија правила за натпревари кои треба да придонесат овој спорт да биде и компетитивен и лесен за гледање.