Најголем број од родителите ќе сторат се што можат за да им обезбедат подобра иднина на своите деца, но некои отишле предалеку. Во вторникот започнаа да се појавуваат информации дека FBI прекинал нелегален ланец на купување на студентски места во американските универзитети. Во центарот на овој нелегален ланец е Rick Singer, основач на организацијата Key, која им помагала на ученици да влезат во престижни универзитети преку серија од измами.

Rick Singer

Од другата страна се наоѓаат богати родители кои плаќаат за нивните деца нелегално да бидат примени на престижните универзитети. Официјалната верзија на родителите е дека даваат донации на Key Worldwide Foundation која наводно има за цел да помогне на деца кои живеат во лоши услови. Позади овие исплати сепак стојат исплати за нивните деца да бидат примени во елитните образовни институции. Најчеста причина за добивање на студентско место била лагата дека тие деца се врвни спортисти. Во продолжение следуваат неколку примери како богаташи ги купувале местата.

Jane Buckingham е извршна директорка на маркетинг компанијата Trendera. Таа до Singer испратила примерок од ракописот на нејзиниот син, за да може некој од тимот на Singer да го полага тестот наместо синот.

Jane Buckingham

Gordon Caplan, ко-директор на меѓународна правна фирма, бил загрижен некој друг да го полага тестот на неговата ќерка, па го прашувал Singer дали некој досега бил фатен во кривичното дело.

Gordon Caplan

William McGlashan од TPG Capital отишол уште подалеку во лагата. Тој својот син сакал да го претстави како рагбист, иако средното училиште во кое што учел неговиот син, воопшто немал рагби тим.

William McGlashan

Актерката Felicity Huffman платила за нејзината ќерка испитот да го полага на друга локација, на која добила незаконска помош од лице кое го надгледувало тестирањето.

Felicity Huffman

И актерката Lori Loughlin заедно со нејзиниот сопруг учествувале во овој нелегален синџир. Таа својата ќерка ја претставила како член на веслачкиот клуб L.A. Marina Club, иако ќерката воопшто не се занимавала со веслање.

Lori Loughlin

Според информациите на основачот на овој нелегален синџир, Rick Singer, околу 80% од направените измами биле успешно завршени.