Бетмен се подготвува да се врати во кината, но Бен Афлек нема да биде дел од него. Warner Bros. објавија дека следниот независен филм за еден од најпопуларните ликови на DC ќе биде прикажан во кината на 25 јуни 2021 година.

Веќе подолго време е јасно дека негов сценарист и режисер ќе биде Мет Ривс, кој има работено на „Cloverfield“. Неговиот филм, кој во моментов го носи името “The Batman”, сепак има намера да понуди еден поинаков поглед кон „Црниот витез“.

Во интервјуто за The Hollywood Reporter, Ривс го дефинира неговиот проект како “класичен Бетмен” приказна во голема мера од гледна точка на главниот лик. Според писателот и режисер, неговата приказна е возбудлива, но тој се надева дека ќе биде емотивна за публиката. Тој, исто така, истакна дека “нема Бетмен без негативец”, и дека во Бетмен, гледачите ќе видат неколку од нив.