И денеска во свет на модерна технологија, се уште користиме прастари работи. Можеби не сте знаеле, но дел од оние предмети кои денеска ни се „добро утро“ се измислени стотици, па и илјадници години наназад. Еве една интересна хронологија на појавата на некои предмети кои ги користиме и денеска, веројатно незнаејќи од кога и од каде потекнуваат.

♥ Најстарите, први пронајдени очила за сонце датираат од 3 век п.н.е. Тие биле откриени за време на ископувањата на локалитетите на античките Беренгоморци кои живееле на бреговите на Беринговото Море. Истите биле направени од животински коски.

♥ Првата топка за игра е пронајдена во Шкотска, под покривот на замокот Стирлинг. Веројатно, играчите ја фрлиле таму и ги мрзело да ја земат. Истата е стара околу 470 години, направена е до свинско месо и кожа, а полнета со сува трева.

♥ Научниците во Шпанија во една од тамошните пештерите пронашле 165 камења и разни алатки со траги од силна топлина. Исто така, пронајдени се и многу изгорени животински коски, што укажува на најстарото место на кои се пронајдени траги од готвење. Ова огниште е старо најмалку 800.000 години, што значи дека готвењето влече традиција со милениуми.

♥ Најстарото тркало е пронајдено во Словенија. Станува збор за примерок старо 5350-5100 години. Радиусот му е 70 см и е направено од даб.

♥ Најстариот музички инструмент е пронајден во Германија. Во една од пештерите била откриена прастара флејта, која се проценува на старост од најмалку 35.000 години. Флејтата е изработена од коска од лебед и е долга 21,8 см и дебела 8 мм.