Со оглед на тоа што костимите за капење се вообичаена содржина во вашите куфери за време на летните одмори, добро е да се знае нешто и од историјата. Лесно е да се претпостави дека бикините биле измислени во нашето блиско минато, а потоа се слеале беспрекорно во мејнстрим употреба. Но тоа сигурно не е случај. Не само што потеклото на оваа темелно модерна облека може да се следи многу подалеку отколку што можеме да замислиме, туку и патот кон неговиот сегашен статус бил долг и трнлив.

Иако се верува дека бикините биле измислени во Франција, кратко време по завршувањето на Втората светска војна, некои докази покажуваат дека бикините како костуми постоеле долго пред тоа. Уште во 5600 п.н.е., уметниците во античката населба наречена Каталхојк, која се наоѓала во јужниот дел на Анадолија, исцртале слики кој покажуваат божица облечена во облека која личи на бикини. Освен тоа, сликите и урните кои датираат од античка Грција од 1400 година п.н.е., јасно покажуваат жени облечени во дводелни облеки кои се претходнички на бикините кои се носат денес. Тие учествувале со нив на спортски или атлетски активности. Прототипот на бикините бил исто така карактеристика на антички Рим. Вилата Романа дел Казале во Сицилија содржи мозаик наречен “Коронацијата на победникот”, која покажува жени во костуми, кои се речиси идентични со денешните бикини.