Нашата планета ризикува да прерасне во суперподелено небесно тело со големина од само 100 метри во пречник. Ова сценарио е можно, ако експериментите на научниците кои раководат со акцелераторот на честички, излезат од контрола, тврди во својата најнова книга,  професорот Мартин Рис. Тој вели дека овие експерименти со акцелераторот во ЦЕРН се егзистенцијална закана со која се соочува планетата.

Мартин Рис е убеден дека со спроведување на експерименти во кои атомите се делат во кваркови – како протони и неутрони – научниците теоретски може да го уништат човештвото.

„На местото на нашата планета може да се формира црна дупка, која по некое време ќе почне да цица сè наоколу“, тврди тој во својата книга.

Исто така постои и друг ризик од акцелераторите на честички, како што е Големиот хадронски колајдер во ЦЕРН.

„Празен простор, нешто што физичарите го нарекуваат вакуум, е повеќе од ништо. Ова е арена за сè што се случува. Во него се скриени сите сили и честички кои го контролираат физичкиот свет. Тековниот вакуум може да биде кревок и нестабилен. Постојат верзии дека концентрираната енергија создадена од судирот на честички може да предизвика “фазна транзиција” која ќе ја раскине структурата на просторот. Тоа би било општа космичка катастрофа, а не само земна“, додава Рис.