По две добри години во кои Axl Rose и Slash успеаја да ги закопаат „воените секири“, сега на повидок е ново непријателство. Новиот скандал поврзан со двајцата членови на легендарните Guns ‘N Roses се случил зад сцената пред нивното шоу во Абу Даби изминатиот викенд.

Според таблоидите, гитаристот и вокалистот на Guns ‘N Roses го обновиле непријателството поради поделбата на околу 3 милиони фунти кои бендот треба да ги добие од последните настапи во Обединетите Арапски Емирати. Токму поради оваа причина, концертот завршил порано од планираното, исполнувајќи само 16 песни пред насобраната публика.

Портпаролите на рок бендот, сепак, изјавија дека причина за намалувањето на репертоарот било лошата здраствена состојба на Axl Rose, кој наводно повраќал целиот ден и не успеал да издржи до крај.

Axl Rose и Slash не зборуваа цели 23 години, па дури и не се појавуваа на исти места. Се скараа по турнејата Use Your Illusion во 1993 година, а според гласините, причина за кавгата била жена.