Netflix носи нова политичка комедија. Станува збор за серијата The Politician која би можела да биде токму она што сакате да го гледате ако досега бевте фан на серијата Glee или можеби Scream Queens.

Автор на новата серија е Рајан Марфи, без сомнеж, еден од најпопуларните showrunner-и на денешницата. The Politician се фокусира на борбата на неколку тинејџери за местото претседател на преставничкото тело во своето средно училиште. Во центарот на приказната е Пајтон Хобарт, дете на богати родители од Калифорнија, кој има сон да стане претседател на САД.

Актерската екипа ја надополнуваат Гвинет Палтроу и Џесика Ланг.