Поминаа дури 7 години од издавањето на последниот соло албум , но сега R&B ѕвездата е подготвена да се врати на музичката сцена со нејзиниот осми албум Sex & cigarettes кој треба да се појави на пазарот во почетокот на 2018-та годнина. „Возбудена сум што го правам тоа што сакам да го работам. Новиот албум ќе се појави на почетокот на годината и е наречен Sex & cigarettes. Чувствувам дека сум постара, сакам да кажам што чувствувам и не сакам да бидам цензурирана.“

Deadwood

Таа пред кратко време го сними и видео спотот за првиот сингл Deadwood, нејзин прв сингл со знакот за содржина за возрасни. Таа изјави: „Во спотот се појавува еден дечко кој е многу секси и мислам дека и понатаму ќе го гледаме. Тој е „лесен“ на око.“ Toni Braxton заврши со снимањето на филмот Faith under fire наменет за телевизијата Lifetime. Иако нејзиниот последен албум беше во 2010-та година, таа не беше целосно одвоена од музиката. Во 2014-та соработуваше со Babyface, a потоа учествуваше и во фамилијарниот проект Braxton Family Christmas.