Околу 82.000 фанови имаа чест да присуствуваат на првиот концерт од европската турнеја на легендарните Rolling Stones. Култниот рок-бенд својот прв европски концерт го одржа во германскиот град Хамбург и направи фантастична свирка за која долго ќе се раскажува.

Британските рокери имаа шоу кое траеше два и пол часа. И покрај тоа што сите членови на бендот се веќе навлезени во осмата декада од животот, тоа не им пречеше да понудат неверојатна свирка со дел од најголемите хитови на бендот.

Како дел од овој прв концерт на Rolling Stones беа и блуз песните од албумот “Blue & Lonesome”, кој излезе минатата година.

74-годишниот фронтмен Мик Џегер неуморно се движеше по сцената, а од време на време се се обидуваше да искомуницира со публиката и на германски јазик. Шоуто беше затворено со безвременскиот хит “Satisfaction”, а потоа на бис беа исполнети и песните “Gimme Shelter” и “Jumping Jack Flash”. Rolling Stones во рамките на европската турнеја имаат закажано уште 13 концерти во 9 земји. Последниот ќе се одржи во париз на 25 октомври.