Новиот модел на куче-робот „Aibo“ е дело на технолошката компанија Sony. Тие го опишуваат Aibo како жив и мил миленик, кој за разлика од својот претходник пуштен од Sony во далечната 1999 година, сега е многу пореален. Според зборовите на јапонскиот производител, Aibo е конструиран за да биде придружник на возрасни луѓе и деца, а не домашен дигитален асистент, каков што нудат многу други компании. Aibo може да одговори на гласовните команди мавтајќи со опашка, правејќи трикови и изразувајќи емоции користејќи ги OLED-очите. Обезбедени се безжични Wi-Fi и LTE конекции за да го поврзете на интернет.

Новото милениче од Sony е базирано на вештачка интелигенција, анализира сè што гледа и слуша. Покрај тоа, Aibo може да се поврзе преку интернет и со други роботи. Sony веќе прифаќа прелиминарни нарачки за Aibo од клиенти во Јапонија, а продажбата на кучето-робот ќе започне на 11 јануари 2018 година по цена од 1740 долари.