Најпознатата музичка ѕвезда во светот, Adele можно е да го замени микрофонот со сценарио за филм. Откако малку навлезе во филмскиот свет преку нумерата за James Bond, сега и директно би ја виделе Adele на филмското платно. Според информациите до кои дојде британскиот весник The Sun, таа сериозно размислува да ја прифати улогата во мјузиклот Oliver во кој би ја играла Nancy, која е проститутката љубовница на ликот Bill Sykes.

Adele во мјузиклот Oliver

Според весникот, Adelе ја гледа оваа улога како нов предизвик. Доколку ја прифати улогата, таа ќе работи со сер Cameron Makintosh кој треба да го работи сценариото а филмот треба да го продуцираат Working Title Films кои го сработија мјузиклот Les Miserables во 2012-та година.