Човечката фасцинација со Марс во последниве години добива огромни размери. Марс, првата планета во Сончевиот систем по Земјата, и натаму преставува наша опсесија за пронаоѓање услови за живот надвор од нашата планета, затоа што Марс има некои сличности со нашата планета.

Ние направивме избор на 10 интересни факти кои треба да ги знаете за „Црвената планета“.

 

  1. Во минатото на Марс сигурно имало вода, која подоцна исчезнала. Доказ за постоењето на водни ресурси се пресушените речни корита на површината на планетата и некои минерали кои можат да се формираат само како резултат на водена активност. Оттаму и претпоставките дека токму Марс е планетата, на која може да постојат форми на живот.

 

  1. Марс има две месечини – Деимос и Фобос. Првата изгрева од запад и заоѓа на исток двапати на ден, а на втората и се потребни речиси три дена за да изгрее и зајде од исток кон запад.

 

  1. Во споредба со Земјата, гравитацијата на Марс е 2,5 пати помала. Тоа значи дека човек кој на Земјата тежи 45 килограми, на Марс ќе тежи само 17 килограми. За сметка на тоа, пак, таму истиот тој може да отскокнува 3 пати повисоко отколку на Земјата.

 

  1. Само една третина од сите вселенски бродови, кои тргнале накај Марс стигнале до крајната цел. Другите исчезнуваат без трага. Научниците претпоставуваат дека причината е постоење на некој “Бермудски триаголник” на Марс кој ги “голта” вселенските сателити.

 

  1. На Марс беснеат многу жестоки и моќни бури. Брзината на ветерот понекогаш надминува 200 км/ч. Често бурите траат со недели и знаат да ја опфатат целата планета.

  1. Во лето температурата на екваторот на Марс може да достигне пријатни 21-30 степени Целзиусови, но ноќе температурата се симнува и до минус 80 степени.

 

  1. Ниту едно живо суштество не би опстанало на Марс без специјална опрема. Притисокот на планетата е толку низок што кислородот во крвта буквално ќе ви зоврие дури и при нормална температура.

 

  1. Највисоката планина на Марс е Olympus Mons. Крстена по планината Олимп, каде според грчката митологија живееле боговите. Olympus Mons е три пати повисока од Еверест, највисокиот врв на Земјата.

 

  1. Кањоните во долината Маринер на Марс имаат неверојатни размери, неколку пати поголеми од Големиот Кањон во Северна Америка. Откриени се во 1971 година од леталото “Маринер 9” и го носат неговото име.

 

  1. Планетата го носи името на римскиот бог на војната Марс и се должи на фактот дека површината е црвена и многу наликува на крв. Научниците претпоставуваат дека црвената боја се должи на присуството на големи количини железни оксиди во атмосферата на планетата.