Можеби ќе ви изгледа чудно, но сигурно не е лесно, ни едноставно, да бидеш Кристијано Роналдо. Еден од моментно најдобрите фудбалери на планетава, не само што е супер-добар на теренот, туку е екстремно успешен и надвор од него – меѓу рекламните лица.

Роналдо е играчот, кој покрај редовните обврски на теренот има и огромни ангажмани надвор од него. Станува збор за низа спонзорски договори, со многу производи или услуги, кои еден таков фудбалер ги рекламира на тв-екраните или на големите градски билборди.

Оттука и се создаде брендот CR7, кој има дузина производи кои се заштитени со неговата кратенка и изглед.

Во продолжение дел од производите кои лично се под капата на брендот CR7.