Со масивни 117 милиони долари заработени во првиот викенд од прикажувањето, хоророт It донесе малку живот во лошиот период на кино благајните во САД. Филмот направи рекорд во најдобар прв викенд во септември, најдобар прв викенд во есента, најдобар прв викенд за хорор филм со ознака за лица над 16 години. Заработката на филмот е дури 75% од вкупната заработка на првите 12 филмови на листата.

Филмот It

Филмот It е филмска адаптација на романот на Stephen King, a претпоставките за заработката во првиот викенд беа околу 125 милиони долари, но заради ураганот Ирма и затварањето на околу 175 кино сали, заработувачката е нешто помала од очекуваното. Според објавените статистики, 51% од посетителите биле жени, а 49% мажи. 10% биле гледачи помлади од 18 години, а 65% од посетителите биле постари од 25 години.

Филмот It

Освен 117 милиони долари во САД, филмот заработи и 62 милиони долари на интернационалниот пазар, од кои 12 милиони во Британија, 6 милиони во Русија, 6 милиони во Австралија, 5 милиони во Бразил, како и над 1 милион во Холандија и во Полска. Во следниот период, филмот ќе има премиера во некои поголеми држави во Европа (Франција 20 септември, Германија 28 септември, Италија 19 октомври), како и во Мексико и Аргентина.

Home again

Далеку назад според заработувачката е филмот Home again кој заработи скромни 9 милиони долари, на третото место заврши The hitman’s bodyguard со 4.8 милиони, Annabelle: Creation е на 4-то место со 4 милиони, а на 5-то место Wind river со 3.2 милиони долари.