Оваа недела, најголемата компанија за трговија по пат на интернет, Amazon.com, најави воведување на Amazon Key – систем од интелигентна брава и камера, кои корисниците ќе можат да ги контролираат далечински, за да им овозможат на провајдерите да ги остават стоките во нивните домови. Покрај тоа, корисниците можат да креираат привремени лозинки за пријатели, како и за добавувачи на други услуги.

Ова решение кое се развива повеќе од една година, може да му помогне на Amazon да освои и дел од купувачите кои не се постојано дома за да ги пречекаат пратките, а не сакаат пратката им да биде украдена од пред нивната врата. Со овој потег компанијата покажува желба да го прошири својот пазар на уреди за домашна безбедност.

Членовите на премиер листата на Amazon.com ќе може да платат околу 250 долари за активација на камера и заклучување што компанијата сама ќе го инсталира.