Германска стартап компанија веќе обезбеди финансирање од 90 милиони долари за да создаде целосно електрично летечко такси. Иако се уште е во процес на развој, леталото со пет седишта налик на мини-авион, компанијата „Lilium“ може да го подготви за први летови уште во 2019 година, а според соопштението на компанијата – таксито ќе го минува растојанието од Лондон до Париз за само еден час.

Освен за развој на овој „Lilium Jet“, дел од 90-те милиони ќе бидат искористени и за зголемување на вработените во фирмата на најмалку 70 лица. „Lilium Jet“ ќе може да лета во воздухот околу еден час со едно полнење и да патува со брзина над 290 километри на час. Со ова темпо авионот ќе може да прелета од Лондон до Париз за еден час.

„Ова е следната фаза од нашата брза еволуција од идеја до производство. Ова ќе биде револуција во начинот на кој ќе патуваме во и околу градовите низ светот“, вели извршниот директор и ко-основач на „Lilium“, Даниел Виглен.

Интегрираните летечки такси уреди ќе им овозможат на патниците да нарачаат превоз од најблиското игралиште или простор за слетување.