Вчера во Њујорк заврши последниот Гренд Слем тениски турнир за оваа година, US Open 2017, а ги добивме победниците во сите категории. Иако најголема популарност има машкото финале, па и женското финале, сепак на турнирот се одржуваат натпревари и во други конкуренции.

Tribina

Американското отворено првенство во тенис се одржуваше од 28-ми август до 10 септември, како и период од неколку денови претходно во кои се одржуваа квалификации во одредени категории. Наградниот фонд оваа година изнесуваше дури 50.4 милиони долари и е најголем фонд за еден тениски турнир. Победниците во машка и во женска конкуренција добија по 3.7 милиони долари. Поразените во финалето добија по 1.825 милиони долари, а полуфиналистите добија по 920 илјади долари. Дури и учесниците во првото коло во квалификациите во поединечна конкуренција добиваат награда, односно по 5.606 долари.

Победник во машка конуренција е Rafael Nadal на кому ова му е третиот трофеј од ова натпреварување и вкупно 16-ти Гренд Слем трофеј. Тој во финалето го победи Kevin Anderson од Јужна Африка со резултат 6:3, 6:3, 6:4.

Rafael Nadal

Победничка во женска конкуренција беше Sloanne Stephens од САД која ја победи својата сонародничка Madison Keys со резултат 6:3, 6:0.

Sloanne Stephens

Во конкуренција на машки парови, победници беа Jean-Julien Rojer (Холандија) i Horia Tecau (Романија). Поразени во финалето беа шпанците Feliciano Lopez и Marc Lopez со резултат 6:4, 6:3. Победниците во оваа категорија добиваат 675 илјади долари по пар, а поразените по 340.000 долари.

Jean Julien-Rojer и Horia Tecau

Кај женските парови, најдобри беа Chan Yung-jan (Кинески Тајпег) и Martina Hingis (Швајцарија). Чешката двојка Lucie Hradecka и Katerina Siniakova беа поразените во финалето со 6:3, 6:2.

Chan Yung-jan и Martina Hingis

Во конкуренција на мешани парови, најдобри беа Martina Hingis (Швајцарија) и Jamie Murray (Британија), а поразени беа Chan Hao-ching (Кинески Тајпег) и Michael Venus (Нов Зеланд). Победниците во оваа категорија добиваат 150.000 долари по пар, а поразените 70.000 долари по пар.

Martina Hingis и Jamie Murray

Би сакале да ви ги презентираме и надежите во овој спорт, односно победниците во јуниорска конкуренција. Кај момчињата победник е Wu Yibing од Кина, а кај девојчињата Amanda Anisimova (родена во САД).

Yibing Wu

 

Amanda Anisimova