Двобојот помеѓу Hertha и Werder, кој заврши до резултат 1:1, влезе во историјата на германската фудбалска лига како прв натпревар кој го судел жена. Главен судија на натпреварот беше 38-годиншната полицајка Bibiana Steinhaus, која после завршувањето на натпреварот доби и пофалби за своето судење. Останува да видиме дали и после неколку отсудени натпревари и таа ќе биде исвиркувана како своите машки колеги.

Bibiana Steinhaus

Steinhaus се занимава со судење од 1999-та година, а досега има судено на повеќе од 80 натпревари во пониските германски лиги. Steinhaus на натпреварот додели само еден жолт картон, а го заработи Per Skejbred во 36-та минута.