Американската кабловска мрежа Netflix најави создавање на нова серија која ќе биде преквел на филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ снимен во далечната 1975 година. Според информациите, ќе се снимаат 18 епизоди кои ќе разработуваат тема пред случувањата во филмот.

Серијата ќе има две сезони (по 9 епизоди), а во центарот на случувањата ќе биде сестра Милдред Ратчед. Во нејзината улога ќе ја видиме актерката Сара Полсон. Дејствието на приказната ќе се одвива во 1947 година, а како извршни продуценти ќе се појават Рајан Мерфи и Мајкл Даглас. Снимањето почнува следната година.