Нејзиното име е Ри Чун-Хе, но сите ја познаваат како корејската „Pink Lady“. Стана и вистински хит надвор од границите на својата земја, откако на интернет се појавија видеата во која со необичен ентузијазам и драматичен тон ги соопштува вестите на националната телевизија на Северна Кореја. Облечена во традиционална (розова) облека, настапите на вестите на севернокорејската телевизија ја направија необично популарна во целиот свет.

Ри Чун-Хе има 74 години и е „кралица“ на телевизиските екрани во С. Кореја. Нејзините објави се следат со голема заинтересираност во државата. Објавата на минатиот нуклеарен тест спроведен од војската на Ким Јонг-Ун, таа ја најави со „Одличен успех“. За неа, веројатно ова беше само уште еден настап во кариерата започната пред многу години.

Според податоците до кои може да се дојде, Ри Чун-Хе е родена во градот Тонгчон во 1943 година. Студирала на Универзитетот за театар и филм во Пјонгчанг, а како активен презентер на вести во националната тв-куќа почнува да работи во 1971 година. Наскоро нејзиниот стил на објава на информациите и ги носат прекарите „гласник на народот“ и „национална хероина“. Така и денеска ја познава цела Северна Кореја.

Едно од нејзините најпознати појавувања пред камера датира од 1994 година, кога ја објавуваше веста за смртта на „саканиот лидер Ким Ил Сунг“. Во настапот, „Pink Lady“ тонеше во солзи, со растреперен глас соопштувајќи и ја нацијата тажната вест. Реприза на овој настап имаше во 2011 година, кога мораше да го повтори перформансот и по смртта на Ким Јонг-Ил.

Од 2012 година таа и официјално е во пензија, но често ќе ја видите на KCTV (националната телевизија на С. Кореја) кога треба да се објават важни известувања.